Борче Давитковски-претседател на комисијата за настаните од 24 декември
Професорот Борче Давитковски ќе застане на чело на комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 дкември.
-Со задоволство истакнуваме дека е најдено решение за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24-ти декември. Се работи за проф. д-р. Борче Давитковски, актуелен декан на Правниот факултет при Универзитетот ’Св. Кирил и Методиј’.
Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој што е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста.
Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани. Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик на евроинтегративниот процес за земјава“, се вели во соопштението до јавноста, кое го испратијта и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.
Слично
