Борбени авиони го пресретнале aвионот на „Ер Србија“
Борбени авиони го пресретнале aвионот на „Ер Србија“.
Авионот леташе на релација Санкт Петербург – Белград при што го пресретнале борбени авиони при прелетот над територијата на Литванија.
Авионот безбедно слетал на белградскиот аеродром во 13.50 часот, а вакво нешто се случува по вторпат.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека и на 6 април на летот Москва – Белград еден авион бил следен од ловец на НАТО.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, неколку пати имаше дојави за бомба во авионите на „Ер Србија“ кои патуваат до руските градови. Потоа српските власти утврдија дека мејловите за лажните дојави за бомба ги испаќале граѓани од Украина.
Слично
