Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА СО МИГРАНТИТЕ: Чешка ни праќа 800.000 долари помош

БОРБА СО МИГРАНТИТЕ: Чешка ни праќа 800.000 долари помош

Чешката влада вчера одлучила на Македонија да и пружи финансиска помош од 800 000 долари и да ни испрати 25 полицајци како би ни помогнала во борбата со приливот на бегалци и мигранти.

Премиерот на Чешка Бохуслав Соботка рекол дека владата ја донела таа одлука на барање на Македонија. Полицајците според, неговите зборови, ќе бидат распоредени и од средината на јануари до крајот на февруари наредната година.

Владата одлучила и на Македонија да и пружи финансиска помош од 800 000 долари. Чешката влада одлучила и до крајот на јануари да го обнови мандатот на сличната мисија од 20 полицајци во Словенија.

Чешка претходно распореди десетина полицајци во Унгарија како би и помогнала на таа земја во борбата со бегалската криза.

Слично

Поврзани вести