Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОНУС ОД 750 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО АКЦИИ: Директорот на Apple награден за 10-годишниот труд во компанијата

БОНУС ОД 750 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО АКЦИИ: Директорот на Apple награден за 10-годишниот труд во компанијата

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, неодамна, како бонус за десетгодишнината од својата работа, доби акции од таа компанија во вредност од 750 милиони долари.

Дел од акциите ги замени во пари, во износ од пет милиони долари, а парите му се дадени врз основа на времето поминато во компанијата и неговиот капацитет.

Кук го презеде Apple по смртта на Стив Џобс во 2011 година, и откако стана директор, вредноста на компанијата достигна ги планираните 2.400 милијарди долари, додека вредноста на акциите скокна за 1.200 проценти, објави Гласот на Америка.

Кук има 1,4 милијарди долари на сметки и 3,2 милиони акции на Apple.

Досега тој донираше 70.000 акции во вредност од 10 милиони долари за хуманитарна помош.

Пред да дојде во Apple, Кук работеше за IBM и Compact.

Izvor: Tanjug/AP Photo/Evan Vucci

Слично

Поврзани вести