Бонева: Сите вие сте сведоци на политичко – медиумски циркус
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, по распитот во Специјалното јавно обвинителство пред новинарите не сакаше да одговори во какво својство е повикана и рече тоа е медиумско-политички циркус.
„Кога го гласаа законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, во ниедна одредба не стоеше дека пред истражната постапка која треба да биде тајна, ќе биде медиумско политички циркус. Сите вие сте сведоци на тој политичко – медиумски циркус. И јас сум убедена дека оние кои што ве повикале овде, ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало“- изјави Бонева.
Претходно во СЈО беше и првиот човек на ДПА, Мендух Тачи кој изјави дека ова не се моменти во кои треба да се даваат изјави.
Во СЈО во моментов е лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.
