Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бонева ќе го тужи Шилегов

Бонева ќе го тужи Шилегов
Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева ќе го тужи за клевета портпаролот на СДСМ Петре Шилегов поради обвинувањата дека во анкетниот лист за имотната состојба не ги навела двата стана во сопственост на нејзините синови. „Наместо извинување, СДСМ злонамерно и тенденциозно продолжуваат со неосновани обвинувања за криење на имот од Антикорупциската комисија и јавноста, нечесно работење, несразмерно богатење, со единствена цел да се наштети на мојот углед, угледот на моето семејство и угледот на партијата. СДСМ со дефокусирање на јавноста се обидуваат да го исперат од себе срамот за богатењето на кланот Заеви на сметка на граѓаните на Струмица и пошироко“, вели Силвана Бонева во пишаната рекација на денешната прес-конференција на Шилегов. Бидејќи Шилегов не се извинил јавно Бонева најавува дека правдата ќе ја бара на суд. Портпаролот на СДСМ денеска обвини дека пратеничката не сокрила еден, туку два стана од Антикорупциската комисија, презентирајќи нови документи за имотната состојба на синовите на Бонева. Тој побара од Бонева да одговори пред македонската јавност како се заработуваат 350 илјади евра, колку што вредат двата стана во Скопје, кои ги нема во имотниот лист на пратеничката.
Слично

Поврзани вести