„Бомбите“ влегуваат во игра – Заев ги најави!
Опозициските бомби кои „доживеаја“ мораториум со првиот договор во Пржино на 2 јуни повторно се враќаат во игра.
Имено опозицискиот лидер на Фејсбук профилот ги најави пишувајќи #ТикТакТикТакТикТак притоа не откривајќи кога би можела да одекне новата „бомба“.
Ваква најава е можно да се очекува бидејќи опозицискиот лидер во неколку наврати посочи дека сите прашања се отворени и доколку не се имплементира договорот од Пржино тогаш на сила стапуваат повторно бомбите.
Имено, на синоќешната експресна средба која траеше повеќе од два часа партиите постигнаа договор - ДА ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ на билатерално ниво.
Секоја партија ќе има одделна средба со посредникот Ванхауте а во текот на следните неколку денови се очекува и заедничка средба.
Вчерашните преговори почнаа под силен странски мониторинг откако пет западни амбасадори на премиерот Груевски, во Владата, како што рекоа му ја пренесоа пораката од ЕУ и САД, дека договор мора да има.
ЕУ ЌЕ ЈА ИЗОЛИРА МАКЕДОНИЈА
Ако нема позитивен исход од наредните билатерални средби и договор од Пржино, Македонија ќе се соочи со изолација како што се случи со Белорусија.
Ако политичките партии не успеат да се договорат околу отворените прашања, се доведуваат во прашање парламентарните избори закажани за 24 април следната година. Без спогодба на властите во Скопје им се заканува замрзнување на сметките и ставање на „црната листа“ некои личности.
Сите опции се отворени. Треба да погледнете што им се случи ан некои земји во минатотот, не само во регионот, туку и пошироко. На пример Белорусија-рече Питер Ванхауте и додаде:
-Ако до почетокот на ноември не се формира Државна изборна комисија и не се реализираат законите за избори и специјален обвинител, ќе се доведе во прашање одржување на изборите.
Ванхауте предупреди дека безбедносната состојба во Македонија е загроздна иако не постои меѓунационален проблем. Опозицијата ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски за опструкција на преговорите.

