Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бомбите“ не се веќе на Заев, отидоа во рацете на Катица!

„Бомбите“ не се веќе на Заев, отидоа во рацете на Катица!
Откако со денови владеачката гарнитура го повикуваше а пред седум дена и специјалната обвинителка Катица Јанева му ги побара материјалите за незаконско следење на комуникациите, опозицискиот лидер Зоран Заев ја послуша. Денеска и ги предаде таканаречените „бомби“  кои всушност и ја предизвикаа политичката криза во земјава, во спакувани шест кутии и тие ќе се чуваат на безбедно во Специјалното обвинителство. „Сега се е во рацете на специјалната обвинителка Катица Јанева. Јас ги исполнив обврските од договорот од Пржино, и со граѓаните очекуваме правда“, порача опозицискиот лидер после предавањето на материјалите. Со месеци наназад лидерот на СДСМ објавуваше прислушувани разговори со кои како што вели се откриени криминалите и злоупотребите кои власта ги правела сите овие години на власт. Заев искажа верување во специјалното обвинителство и порача дека вистината ќе излезе на виделина . Сега се е во раце на специјалната обвинителка Јанева, чии прдизвици допрва почнуваат.    
Слично

Поврзани вести