„Бомбите“ ги фрлија во сенка преговорите: Рокот истече, нема решение за изборен модел!
Маратонските преговори очигледно им се омилени на политичките партии.
Ни меѓународните олеснувачи не успеаја доволно да притиснат за решение на изборниот модел.
На полноќ истече рокот, а договор на повидок уште нема.
Се продолжува со преговори и денес.
Состојбата се искомплицира кога пратеници од владеачката гарнитура поднесоа до Собранието предлог Закон со кој бараат високи затворски казни за поседување и емитување на содржината на „бомбите“ на Заев.
Бомбите очигледно ги ставија во сенка преговорите.Извори за Фактор велат дека на вчерашната 15-часовна средба наместо да преговараат за избирачкиот список, гласањето на дијаспората, ДИК , работните групи времето го изгубиле во убедување на владеачката коалиција да го повлече предлог Законот.
Претседателот на Собранието веднаш предлогот го доставил до пратениците што нема негово повлекување, единствена варијанта е предлагачите Талат Џафери и Крсто Муковски да го повлечат законот.
Џафери синоќа категорично се изјасни дека нема да го повлече Законот.
ВО текот на денот се очкува реакција на ЕУ која бара преговарачите да го почитуваат договорот од Пржино.
