Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОМБАТА Ѝ ЕКПЛОДИРАЛА ВО РАКА, ЦЕЛТА БИЛА ДА ГО РАЗНЕСЕ БАМКОМАТОТ: Екплозија во центарот на Солун

БОМБАТА Ѝ ЕКПЛОДИРАЛА ВО РАКА, ЦЕЛТА БИЛА ДА ГО РАЗНЕСЕ БАМКОМАТОТ: Екплозија во центарот на Солун

Во центарот на Солун, утринава се случила голема екплозија во која загинала 38-годишна жена. Како што пренесува дописничката на МИА, таа веројатно загинала додека го пренесувала експлозивниот механизам.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, говорејќи за телевизиите ЕРТ и Скај посочи дека загинатата има криминално досие и ѝ е позната на полицијата за кражби во Солун. Полицијата сега истражува дали таа самата да ја пренесувала бомбата и дали целта бил банкомат што се наоѓа во близина на експлозијата.

Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.

Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна. 

фото: МИА

Слично

Поврзани вести