БОМБАСТИЧНА ГОДИНА: Како дојде до промени на политичката сцена?
Почетокот на минатата година точно навести колку „бомбастична“ ќе биде цела 2015 година. Почна со сериозно обвинување за лидерот на опозицијата Зоран Заев дека работел на насилно соборување на власта, а потоа Заев тогашниот премиер Никола Груевски го „изрешета со бомби“ кои направија експлозија во државата. Во 2015 се потпиша Договорот од Пржино, се формираше Специјално јавно обвинителство, а на почетокот на 2016 Груевски си поднесе оставка. Следува хронолошки преглед на најважните настани на политичката сцена во земјава.
31.01.2015 МВР отвора истрага за случај „Пуч“ во кој се осомничени лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот прв разузнувач Зоран Верушевски
09.02. 2015Објавена е првата „бомба“ на Зоран Заев
25.02.2015 Обвинетиот во случајот „Пуч“ Звонко Костовски, вработен во МВР, со спогодба е осуден на три години затвор за шпионажа и незаконско снимање
10.03.2015 Зоран Заев е осомничен за примање на поткуп од 200.000 евра
11.03. 2015 Објавена е осмата „бомба“ за изборните нерегуларности. Токму на овој датум осомничените во „Тврдина“ почнуваат со реализација на планот за уништување на опремата за прислушкување.
Поранешната министерка Гордана Јанкулоска на прес конференција во МВР изјавува:„ „Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да создаде нешто што не коренспондира со реалноста. Оставка нема да дадам, таа може да се бара само преку институциите“.
12.05.2015 Јанкулоска и Мијалков по 9 години поднесуваат оставки од функциите
02.06.2015 Потпишан „договорот од Пржино“ меѓу партиите ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА
15.09.2015 Формирано е Специјално јавно обвинителство
11.11.2015 Именувани министрите и заменици министри од СДСМ во Владата на Груевски
15.01.2016 Премиерот Никола Груевски поднесе оставка
12.02.2016 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева отвора случај за изборни нерегуларности „Титаник“
15.02.2016 Јанкулоска, Јанакиески и Божиновски на распит во Кривичниот суд Скопје
28.03.2016 СЈО отвора случај „Тортура“ за апсењето на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, во кој првоосомничен е екс директорот на УБК Сашо Мијалков
30.03.2016 Специјалното обвинителство најавува истрага за незаконско уништување на опрема за прислушкување на УБК, со цел да се прикријат трагите од прислушкувањето со кодно име „Тврдина“.
М.Ј.

Слично