Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомба во Атина - има ли жртви?

Бомба во Атина - има ли жртви?

Експлозија на бомба синоќа одекна пред експозитура на „Еуробанк“ во Атина. 

При експлозијата нема ниту загинати, ниту повредени лица.

Експлодирала помала експлозивна направа, која ги оштетила влезот и прозорците во банката, а причинила помала материјална штета и на соседните згради, информираа од полицијата. 

Чуварот во банката видел како две лица на мотоцикл оставиле торба пред објектот и продолжиле натаму.

Еден новински веб сајт добил телефонски повик дека бомбата ќе експлодира за 35 минути. Полицијата веднаш по дојавата ги блокирала улиците во близина на банката, а експлозијата се слушнала и во централните делови на Атина.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа е дело на анархистите од групата Заговор на огнените ќелии.

Полицијата го истражува случајот. 

Слично

Поврзани вести