Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомба експлодирала во дворот на косовскиот Уставен суд

Бомба експлодирала во дворот на косовскиот Уставен суд

Рачна граната денеска експлодирала во двор на Уставниот суд на Косово во Приштина, изјави висок претставник на полициските служби во земјата.

Зградата на Уставниот суд, која се наоѓа во близина на владината зграда во Приштина, е опкружена со полиција и специјални полициски одреди.

Случајот е дел од серијата инциденти предизвикани од се подлабоката политичка криза во земјата.

Вчера, додека пратениците во косовскиот парламент требаше да дебатираат за нацрт планот на земјата за 2016 година, група од здружените опозициски пратеници дивееа во пленарната сала со солзавец. Причина за агресивниот отпор се намерите на Владата во Приштина да спроведе стратегија за нови односи со Белград, која ќе им даде повеќе овластувања на српското малцинство и општините на косовските Срби.

Налози за апсења беа издадени денеска за четворица пратеници поради дивеење во парламентот од партиите „Движење за самоопределување“ и „Алијанса за иднината на Косово“.

Според кривичниот законик солзавецот се смета за оружје опасно по живот.

Слично

Поврзани вести