Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бомба 9“: Акцентот ставен на изборниот циклус во општина Центар

„Бомба 9“: Акцентот ставен на изборниот циклус во општина Центар

Опозицијата  продолжи и денеска со објавувањето на таканаречените „бомби“.

Денешната прес конференција на СДСМ  ја водеше градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски кој објави низа телефонски разговори за гласачи од Пустец, планови за поткуп на советници, поништување на гласање, притисок врз вработени во администрацијата.

Човечињата што се држат за раце, како што власта ги нарекува гласачите од Пустец, ги видовме на гласачките места и можевме да видиме каква важност имаат во Општина Центар и оти на премиерот Никола Груевски и на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков им било важно да победат во Општина Центар пред сè поради криминалите во проектот Скопје 2014, рече тој. Може да се чуе што сè правеле Груевски и соработниците во изборните кругови и какви планови за злоупотреба на власта и поткуп на советници имале, вака Жерновски ја отвори денешната прес конференција.

Првиот разговор кој го пушти Жерновски се однесуваше на министерот за здравство Никола Тодоров и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кои како што вели Жерновски разговарале за тоа дека министерката не сака да го прими Жерновски на разговор за избирачкиот список.

Во вториот разговор, според Жерновски, може да се чуе како министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со соговорник разговараат за тоа како известуваат новинарите за одредено писмо во кое фалсификувале потпис.

Исто така можеше да се чуе што правела власта за да се направат спорни гласовите во Општина Центар и во првиот изборен круг и како сфаќаат дека ќе ги загубат изборите. Според Жерновски, може да се слушнат гласовите на Мијалков и Јанакиески за тоа дека има 220 гласови разлика во Општина Центар.

Во петиот разговор меѓу, според Жерновски, Јанакиески и заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошковски разговараат како од избирачкиот материјал се вадат избирачките списоци.

Следниот аудио разговор, откри, како што вели Жерновски, Јанакиески со Ирена Мишева вршат притисок врз учителки, а потоа и меѓу Јанакиески и Груевски во кој разговараат за гласачите од Пустец и за изборните резултати.

Третиот и последен блок разговори што ги објави Жерновски можеа да се слушнат разговори за нешто што, како што рече, сите го претпоставуваа дека Груевски соработниците бришат податоци од компјутерите во Општина Центар и како вршат поткуп на советници за да обезбедат мнозинство во Општинскиот совет.

На завршувањето на прес конференцијата Жерновски изјави дека премиерот според него нема легитимитет да ја води државата и владата и побара оставки и преодна влада и најави нови прес-конференции во останатите општини во земјата.

Слично

Поврзани вести