„Бомба 6“: Полицајците спијат на железни кревети од ЈНА, а пари се фрлаат на милонски споменици и уметнички слики
На денешната прес конференција шеста по ред на која СДСМ ги објавува таканаречените бомби Заев објави уште еден сет аудио снимки кои според него се противуставни и противзаконски снимања .
Од досегашните бомби имаше телефонски разговори на кои се слуша договорање околу судски кадри, судски и јавнообвинителски одлуки, детали за апсењето на Бошкоски и медиумска презентација , случајот со уривањето на Космос на Фијат Цановски и прислушувањето на новинари, додека во денешната таканаречена шеста бомба Заев објави снимки со кои што според него се покажало зошто министерката Јанкуловска и министерот Ставрески биле најмногу прислушкувани од страна на премиерот Никола Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Како што посочи Заев, снимките укажуваат дека премиерот Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување намилионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација.
Во првиот разговор од снимката која ја објави опозицијата се слуша машки и женски глас кои според Заев се гласови на Јанкуловска и Ставрески и тие разговараат за буџетот и за тоа како нема пари во него и дека приходите биле катастрофални и дека ова не се издржувало вака.
Во еден момент се слуша како женски глас посочува да се скратат платите на администрацијата за 5 или 10 посто.
„Дај плати да скратиме како цел свет што прави“, вели женскиот глас (Јанкуловска) а машкиот глас (Ставрески според Заев) вели дека не е магионичар.
Женскиот глас (Јанкуловска) пак, му се жали дека нема пари за полицајците, кои спиеле на железни кревети од времето на ЈНА.
Машкиот глас вели дека на крај ќе им пукне и ќе биде состојбата како во Турција со Ердоган и со погрдни зборови ја коментираат економската ситуација во земјава.
Во еден момент женскиот глас во разговорот заклучува како „комуњарите биле во право кога викале дека тие од власта се забегани“.
„Да бевме Америка немаше да изржиме. Треба да разбереме дека сме лудаци, ние трошиме на чоколада, а немаме леб да јадеме“ вели машкиот глас кој според лидерот Заев е на министерот за финансии Ставрески.
На еден од разговорите, за кои Заев тврди дека се меѓу Јанкулоска и Ставрески, се слуша како тие разговараат дека премиерот Груевски ги тера да склучат незаконски договор без тендер со кинеска компанија, додека во друг разговараат за корумпиран криминал кој го правел градоначалникот на Битола, Владимир Талески притоа откривајќи дека направил страшен криминал со превозниците на учениците со коруптивен договор од 2010 со десет пати повисоки цени според објавената снимка на Заев.
Лидерот на опозицијата искажа надеж дека премиерот Груевски нема да направи белја и да создаде немири притоа посочувајќи трпеливо сите да ја следат состојбата и чекор по чекор ќе објават се, бидејќи како што истакна ако не го направат тоа, премиерот и Мијалков би можеле да го свртат необјавеното против нив.
Опозиционерот на прашањето дали имаат докази за нарачано убиство кај Смилковското езеро истакна дека нема но имаат докази од таа сфера и за нив не очекува правна разрешница но очекува дека кога ќе ја соопшти целата вистина консеквентно на тоа ќе стигне и политичката разрешница и дека крајот на овој режим и диктатура во Македонија доаѓа.
