Болните од Леукемија го пијат новиот лек и се молат на бога да не умрат!
Со страв и неизвесност од можните несакани последици пациентите заболени од Хронична миелоична леукемија почнаа да го земаат новиот лек „Имакребин“ на скопската клиника за Хематологија. Откако пред два месеца ставањето на лекот предизвика побуна на 70 -тина пациенти, кои во револт ја окупираа канцеларијата на директорката на клиниката, луѓето оставени без избор почнале да го примаат новиот, поефтин лек. Претседателот на здружението за ХМЛ Пепо Леви за Фактор вели дека и тој самиот со страв ќе го пие новиот лек, па затоа на средбата со директорката на Фондот за здравство побарал можност пациентите со доплата да го примаат оригиналниот лек „Гливек“.
Се сретнавме со директорката на Фондот за здравство Маја Парнаџиева - Змејкова и побаравме да можеме со доплата од околу 160 евра месечно да земаме Гливек, или Фондот во употреба да го стави вторгенерацискиот лек „Тасигна“ кој би бил како алтернатива за пациентите.
„Директорката не сослуша, но можам слободно да кажам дека работите не мрдаат од мртва точка“ – вели Пепо Леви, претседател на здружение на пациенти со Хронична миелоична леукемија.Од Фондот за здравство за Фактор велат дека на состанокот со здружението на пациенти заболени од ХМЛ директорката Парнаџиева – Змејкова ги сослушала барањата на пациентите. Можноста за доплата на Гливекот е проблематична од законски аспект, додека фондот ги сослушал и другите проблеми на луѓето, но засега не се соопштува дали ќе има некакви промени во терапијата. „Имакребин“ никаде во Европа не се употребува за лекување на ХМЛ во хронична фаза? Претседателот на здружението заболени од ХМЛ Пепо Леви вели дека иако клиниката за Хематологија го набави лекот „Имакребин“ нивно истражување покажало дека Европската агенција за лекови нема посочено дека „Имакребин“ - от може да се употребува за лекување на хронична фаза на ХМЛ, туку се употребува во другите фази на болеста. Од македонското здружение останале фрапирани кога дознале дека ниту соседна Бугарија не дозволила регистрација на „Имакребин“ - от за лекување на хроничната фаза на ХМЛ. Претседателката на дружението на пациенти „Гист“ од Бугарија на македонското здружение му пратила одговори со следната содржина.
„Болните од ХМЛ во Бугарија нема да се лекуваат со генерички „Иматиниб“ и ќе останат на „Гливек“ бидејќи генеричкиот „Иматиниб“ нема индикација за ХМЛ. Во Бугарија „Иматиниб“ користат само пациенти со Гастро интестинален тумор за кој лекот има индикации“ – вели Јулијана Попова, претседател на ГИСТ здружението од БугаријаСо овие констатации се согласува и Професорот Оливер Каранфилски од скопската клиника за Хематологија. Како еден од ретките експерти кој ги подржа пациентите во барањата да останат да се лекуваат со оригиналниот лек „Гливек“, Каранфилски вели дека со набавката на новиот лек „Иматиниб“ останале неодговорени неколку клучни прашања.
„Јас би прашал, како е можно при регистрација на лекот „Иматиниб“ во Македонија да се стави индикација дека тој лекува хронична фаза на ХМЛ, кога во сите европски земји е регистриран како лек кој се употребува само за Акутна леукемија со Филаделфија хромазом и фаза на Малигна трансформација но не и во Хронична фаза на ХМЛ за која се употребува во Македонија“ – прашува професор Оливер Каранфилски, од клиниката за Хематологија.Каранфилски додава дека наводите на фармаколозите дека „Иматинибот“ и „Гливекот“ се ист лек по состав треба да се испитаат понатаму со аспектот на ефикасност при лекувањето на пациентите со ХМЛ. Директорката на скопската клиника за Хематологија доктор Лидија Чевреска вели дека пациентите заболени од ХМЛ кон почетокот на месецот почнале да го примаат новиот лек „Иматиниб“ и дека засега е се во ред.
„Се работи за генерика и за лек со ист состав како и претходниот, засега нема никакви несакани последици, иако е рано, но тие се исти како и кај претходниот лек“ – вели Лидија Чевреска, директор на клиниката за Хематологија.Правилото на Тодоров им ја запечати судбината на пациентите На проблематизираниот тендер на клиниката за Хематологија пред два месеца „Иматиниб“ - от е набавен за 1736 евра месечно додека лекот кој 70 – тина пациенти го земале до тогаш „Гливек“ имал понуда од 1900 евра. Според правилот на министерот за здравство Никола Тодоров на тендерите секогаш да се купува поефтиниот лек како средство за борба против „Фармацевстката мафија“ клиниката за Хематологија го набавува пефтиниот „Иматиниб“. Претседателот на здружението на пациенти со ХМЛ Пепо Леви вели дека соочени со неправдите на системот тие мораат да го земаат тој лек што им се дава и да се молат ништо да не се ископлицира.
„Луѓето се чувствуваат напуштени, сите се разочарани, докторите се ставаат на страна велат не можеме да кажеме ништо за лекот, уште е нов, но не сакаат да кажат дека е добар лек. Многу е битно пациентите да веруваат во својата терапија, ако пациентите почнат да умираат што ќе правиме тогаш, што ќе прават надлежните “– прашува Пепо Леви, претседател на здружение на пациенти со Хронична миелоична леукемија.Р.С.
Слично
