Болниците во Тирана се полни со ковид пациенти
Болниците во Тирана се полни, а Драч и Скадар ги примија првите ковид пациенти.
Според Министертвото за здравство овој чекор се превзема откако во четирите ковид болници во Тирана, капацитетот од 550 легла е речиси целосно исполнет (547). Повеќе од 90 отсто од капацитетот на четирите ковид болници во Тирана се веќе пополнети.
Бројот на болнички капацитети се зголеми за 630 легла. Здравствениот кадар е навреме обучен за лекување на ковид пациенти, а болниците располагаат со потребната апаратура. Во Албанија досега над 1.500 луѓе починаа од коеронавирусот.
Слично
