БОЛНИЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА ПРЕПОЛНИ: На помош доаѓаат италијански лекари и медицински сестри
Епидемиолозите во
Словенија ја оценуваат состојбата како сè полоша и сметаат дека се потребни
построги мерки. На Словенија,
која се бори со четвртиот бран на пандемијата на корона вирусот, ќе и помогнат
30 лекари и медицински сестри од Италија, објавија медиумите.
Договорот медицински тим од брзата помош на италијанската армија да дојде во словенечките болници каде се лекуваат ковид-пациенти бил постигнат вчера на средбата на словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин и неговиот италијански колега Лоренцо Гуерини, јави Словенечкото радио.
Болниците речиси го достигнаа максималниот капацитет во последните денови по големиот скок на бројот на заразени со корона вирусот.
ФОТО: YouTube Print screen
Слично
