Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болниците се преполни, Србија нема да ги олабавува мерките

Болниците се преполни, Србија нема да ги олабавува мерките

Во Србија болниците се преполни со ковид пациенти и нема да има олабавување на мерките. 

Членот на Кризниот штаб  Бранислав Тиодоровиќ, предупредува дека ковид болниците во Србија се преполни со пациенти и дека не е време за олеснување на мерките.  Тој вели дека има многу повеќе заразени отколку што се регистрирани и дека некои, претежно млади луѓе со поблага клиничка слика, не се јавуваат за тестирање, затоа што не сакаат да бидат во самоизолација. Тиодоровиќ вели и дека е неопходна добра кампања со цел вакцинацијата да опфати поголем процент од населението.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.910 лица на коронавирус, од кои 4.826 биле позитивни, а починале 39 луѓе. Сега има 299 пациенти на апарати за дишење, а 7.641 пациент во болниците. Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани вкупно 610.232 случаја на корона, а бројот на смртни случаи е 5.384. Тестирани се вкупно 3.458.046 примероци.

Слично

Поврзани вести