Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ: Црна Гора воведува полициски час во повеќе градови

БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ: Црна Гора воведува полициски час во повеќе градови

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови. 

Од 28 септември (понеделник) до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус, во Никшиќ, Беране и во Андриевица ќе биде забрането напуштање на домовите од 22 часот до 5 часот наутро. 

Работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Од 28 септември во Рожаје е забранета работата на угостителските објекти и домашните посети.

Во Котор, Будва, Подгорица и во Плeвла од 28 септември до 12 октомври угостителските објекти ќе имаат право да работат до 22 часот.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора предложи да се воведат дополнителни мерки од денес за да се спречи ширењето на коронавирусот во почетокот на октомври. 

Тие апелираат на строго почитување на донесените мерки. 

Во Клиничкиот центар на Црна Гора, 17 пациенти се животно загрозени како последица на коронавирусот.

53 пациенти заразени со Ковид-19 во моментов се лекуваат во таа здравствена установа, од кои 17 се во тешка состојба.

Слично

Поврзани вести