БОЛИ ГЛАВА?! 7,5 Милиони евра за избори кои никој не ги есапи за легитимни!
Дали треба Македонија да плати 7, 5 милиони евра за кои сите политички чинители изјавија дека нема да ги признаат. Освен странците, партиите СДСМ, ДУИ, ДПА, дури и ВМРО ДПМНЕ објави дека веднаш по овие избори би организирале нови, за да се овозможи фер натпревар.
„Сакаме да победиме во вистинска трка“ изјавија од владејачката партија.
Но прашање е на политички домаќинлук дали се воопшто потребни избори кои за никој, па дури ниту за владејачката партија нема да се легитимни.
Од Брисел велат дека нема ниту минимум услови за одржување избори со една партија.
На ваков начин во Македонија на мала врата се враќа еднопартискиот систем.
Финансискиот план предвидува трошоци за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства. Тука влегуваат и патни трошоци печати, перничиња, сигурносни ленти, паравани, УВ-ламби и спреј. Се предвидуваат пари и за избирачките одбори во дијаспората.
Слично
