Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боледувала подолго време: Почина актерката Мира Фурлан

Боледувала подолго време: Почина актерката Мира Фурлан

Познатата филмска и театарска актерка и пеачка од Хрватска, Мира Фурлан почина на 65 годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер. Тажната вест е објавена и на Инстаграм профилот „Radionica Integracije“ со кој таа имала соработка.

Најверојатно Фурлан починала во средата и веќе денеска со неа се простуваат пријатели, познати актери, сета јавност која ја сакаше и почитуваше. Нема потврда за причината на смртта

Продуцентот Џозеф Мајкл Страчински со кој таа соработувала во серијата „Babylon 5“, напиша

-Ноќта е со голема тага. Нашата пријателка замина по патот на кој не можеле да ја следиме. Веќе некое време знаевме дека нејзиното здравје е лошо. Се надевавме дека сепак ќе биде добро. Сите наши мисли вечерва ќе бидат со спомените кои ги остави зад себе“.

Фурлан е родена на 7 септември 1955 година. Има син, Марко Лав, кој е роден 1998 година.


Слично

Поврзани вести