Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЈКОТ: Нема настава во тетовската гимназија – учениците бараат поголема безбедност

БОЈКОТ: Нема настава во тетовската гимназија – учениците бараат поголема безбедност
Учениците во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово од утрово ја бојкотираат наставата. Бараат подобри услови и поголема безбедност во училиштето, револтирани затоа што еден средношколец во оваа гимназија беше избоден со нож во петокот. „Нема да посетуваме настава се додека не се исполнат нашите барања“, најавуваат средношколците од тетовската гимназија. Нив ги поддржаа и родителите. Директорот на гимназијата го сдослуша и вети дека нивните ставови ќе им ги пренесе на надлежните. Во инцидентот во петокот беа повредени четворица средношколци, од кои еден се здоби со убодни рани од нож. Неговата здравствена состојба се подобрува. За нападот е осомничен еден 15-годишник, против кого полицијата најави дека ќе достави соодветен поднесок.  
Слично

Поврзани вести