БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ: Новинарите ќе протестираат ако не бидат вклучени во преговорите
Здружението на новинари во Макеоднија, преговорите на политичките групи ги оцени како нетранспарентни и побара итно вклучување на медиумските работници во нив. Во спротивно тие најавија бојкот на изборите и на сите решенија од договорот меѓу партиите.
-Го повикуваме медијаторот Питер Ванхауте веднаш да ги вклучи претставниците не новинарите и медиумите во разговорите. Ако не се преиспитаат казните и ако не бидеме вклучени во разговорите, ќе организираме протести пред Клубот на пратениците, исто така ќе ги повикаме медиумите да ги бојкотираат евентуалните решенија кои ќе произлезат од разговорите и партиите сами нека организираат фер избори без медиумите, изјави Селмани.
Според новинарските здруженија, двојното зголемување дополнително ќе го зголеми притисокот врз медиумите, а изедначувањето на казните кон различните медиуми ќе може да значи затворање на некои печатени или интернети медиуми.
Новинарите истакнаа дека Интернет порталите не смеат да се регулираат со Законот за медиуми, бидејќи тие веќе се регулирани со Законот за кривична постапка и со граѓанскиот Закон за навреда и клевета.
Инаку, работните групи го прегазија рокот и за реформите во медиумите. Меѓупартискиот посредник Питер Ванхауте изјави дека најдоцна до петок се очекува партиите да постигнат договор за медиумските измени.
