Бојкот или одговори: Екстерното тестирање почнува во понеделник
Учениците револтирани, од Министерството за образование не попуштаат-во понеделник почнува екстерното тестирање. Мора секој да го помине екстерното тестирање или нема да добие свидетелство за завршеноа година, децидни се од Државниот испитен центар.
Според Емилија Угриновска, претседателката на работната група за електронско тестирање , со екстерното тестирање посочува дека се заштитени и учениците и наставниците. Наставниците поради поплаките дека трпат поритисоци и уцени од родителите за да поправат оценка, а учениците зошто на овој начин се оценуваат споиред конкретни критериуми.
„Идејата за овој вид тестирање е прво за да провериме каква е објективноста во оценувањето на наставниците, за подобрување на квалитетот воопшто – и во наставата и во оценувањето и, пред се, поради бројните поплаки од самите наставници кои тврдеа дека се изложувани на притисоци и уцени од родители за да се поправат оценки. Вака ќе бидат на еден начин заштитени од сето тоа,“ вели Угриновска за МИА.
Учениците ќе бојкотираат
Во меѓувреме учениците најавија бојкот на најавените тестови, но и нови масовни протести во понеделник. Од Иницијативниот одбор на здружението ОДРАЗ , реагират против манипулациите на вчерашните протести и повикаа на нови, силно реагирајќи на овидите да ги етикетираат како припадници на опозицијата.
„Зошто бојкот? Затоа што нема друг начин! Затоа што ова е одлука од која ќе зависи нашата иднина, и иднината на сите идни ученици! Затоа што ако се откажеме нема да победи демократијата, ќе победат заканите, уцените, партиските војници! Затоа што ќе биде касно да протестираме после понеделник!Инаку, на вчерашниот протест против екстерно во Скопје, и покрај најавите за мирен протест, членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вадеа знамиња од СДСМ и се обидоа лажно да го претстават протестот“, велат од ОДРАЗ.
Ќе се проверува работата на 15 илјади наставници
Според податоците од Државниот испитен центар, со екстерните тестови ќе се проверува работата на околу 15.000 наставници. Тестовите пак ќе ги полагаат 200 илјади ученици. Тие ќе полагаат два предмета по случаен избор.
Надлежните посочуваат дека овие тестирања се многу важни за идните реформи во образовниот систем. Учениците не се согласуваат со нив.
Слично
