Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојко Борисов: Жртвите во Хитрино ќе се зголемат

Бојко Борисов: Жртвите во Хитрино ќе се зголемат

Жртвите по експлозијата на цистерна во Хитрино ќе се зголемат, прогнозира премиерот на Бугарија во оставка Бојко Борисов, кој веќе е на местото на трагедијата. 

До овој момент се знае за седум загинати.

„Штетите се големи, има тешко повредени. Загинатите ќе се зголемат сигурно. Една од цистерните уште пропушта, но нема опасност за нова експлозија. Цистерните се празнат"-рече Борисов.

Повеќе од 25 лица се повредени кога товарен воз кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино, во североисточна Бугарија. Тројца од повредените се во критична здравствена состојба.

Во експлозијата уништени се и околу 20 објекти. Борисов апелираше до граѓаните да дадат крв за повредените.

За гаснењето на пожарот и потрагата по преживеани ангажирани се 150 пожарникари, а полицијата истражува како дошло до инцидентот.  




Слично

Поврзани вести