БОЈАНА ИМА 90 ГОДИНИ И ВАКЦИНАТА ЌЕ ЈА ПРИМИ ВЕДНАШ - сакам конечно да ги гушнам моите најблиски
Министерката за труд, лекарка и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, д-р. Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска ќе ја прими вакцината „Фајзер“.
Таа за српските медиуми изјави дека се чувствува горда затоа што Србија успеала да ја добие вакцината меѓу првите во светот.
Дарија Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека вакцинирањето во Србија започнува денес, прво меѓу најстарите граѓани во домовите за стари лица.
Како што рече, таа ќе биде вакцинирана пред сите за да го покаже своето мислење за тоа колку е ефикасна и безбедна вакцината.
„Сакам да покажам со личен пример“, рече министерката.
Таа додаде дека одлуката за првично вакцинирање на најстарата популација не е донесена ад хок, но постои координативно тело кое одлучило во врска со критериумите на СЗО и другите организации, и во врска со достапните количини и ризици.
А токму штитениците во домовите за старо лица се надеваат дека после вакцинирањето ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски, кои многу им недостасуваат, објавува Курор.рс серија реакции од разговори со овие граѓани.
Иако сè уште има скептични, жителите на домовите претежно велат дека со задоволство ќе ја примат вакцината, дека веќе подолго време живеат без прегратки и бакнежи на своите најблиски и дека многу повеќе се плашат од коронавирусот отколку од вакцината!
Првите дози, како што е најавено, ќе им бидат дадени на корисниците на големи домови за стари лица во Белград и Нови Сад.
Бојана Ќуковиќ, која има 90 години од приватниот дом „Свети Трифун“ во Милјаковац за Курир.рс истакнува дека ќе ја прими вакцината веднаш штом ќе и ја понудат, бидејќи таа сака конечно да живее како што и одговара, а не „како што е одредено од повисока моќ“.
„Сите луѓе во светот треба да бидат вакцинирани. Постојат безброј причини, а најголемата надеж е дека ќе се вратиме на стариот начин на живот. Јас им верувам на експертите и имам неколку години зад мене, затоа не се плашам од несакани ефекти. Пандемијата е тешка за сите нас. Ми недостига многу, а најмногу прегратка и бакнеж од моите најблиски, кафе и дружење со соседите и пријателите“, изјавила Бојана.
Славоjуб Пантиќ (71) од домот за стари лица „Хомоjски рај“ во Пожаревац вели дека има доверба во здравствениот систем и дека никој не би дал вакцина што не е тестирана.
„Вакцината не би се давала ширум светот ако не беше добра. Повеќе се плашам од коронавирус отколку од вакцина. Ми недостасува семејството. Тие се во Швајцарија и Австрија. Требаше да дојдат за празниците, но се откажаа поради епидемијата. Верувам дека вакцините ќе ја запрат оваа епидемија“, вели Славољуб.
фото. Курир.рс
