Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богов за 24 Вести: Да запре трендот на задолжување!

Богов за 24 Вести: Да запре трендот на задолжување!
Нивото на Јавниот Долг на Централната влада од 34,3% ја одразува реалноста во однос на задолжувањата и е во согласност со меѓународните стандарди, вели гувернерот на Народната Банка, Димитар Богов, во интервју за емисијата „Тренд“ на 24 Вести. Сепак, тој оценува дека Владата веќе треба да одржува ниво на буџетски дефицит што нема да води кон натамошни задолжувања.
„Треба да се биде внимателен. Треба да го земеме примерот со некои земји од опкружувањето кои што имаат долг на Централна Влада од 50% и веќе се соочуваат со проблеми. Ние имавме простор и дојдовме до ниво од 34% Јавен долг на Централната Влада. Можеби имаме уште мал простор за задолжување, но меѓутоа, треба веќе да застануваме и да ја консолидираме буџетската сметка и буџетскиот дефицит веќе треба да го сведуваме на ниво кое што нема доплнително да го зголемува долгот на Централната Влада“, вели Богов.
Гувернерот сугерира и на претпазливост во пресрет на претстојните избори, затоа што евентуални тензии можат да влијаат на намалување на инвестициите. Колку е задолжена Македонија? - Ова е прашањето околу кое изминатата недела спореа власта и опозицијата. Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека ги крие бројките за задолженост на земјата и тврдеше дека нивото на јавниот долг надминува 44%. Министерот за финансии Зоран Ставрески остана на ставот дека нивото на јавниот долг на централната Влада е 34,3%.
Слично

Поврзани вести