Богов: Политички притисок врз банките не е дозволив
Oткако опозицискот лидер Зоран Заев одржа итен прес и ги повика банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните истакнувајќи дека може да се соочат со потенцијална кривична одговорност и дека сите аукции кои немаат согласност од Наумов ќе бидат предмет на законско третирање.
-Пред денешната закажана аукција ги повикувам банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија. Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг- изјави Заев.
Од НБРМ реагираа на оваа изјава на опозицискиот лидер повикувајќи ги политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки.
„Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија и нивните идни планови.
Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика“, истакна гувернерот Богов.
