Богов: Мирен политички амбиент за да се спроведат економските политики
За да се спроведат економските политики и за растот на економијата потребен е мирен политички амбиент по изборите, вели гувернерот на Народната банка Димитар Богов.
„Не би ги коментирал политичките случувања по изворите, сепак, НБРМ е тука да си ја изврши својата цел, а тоа е ценовната стабилност да биде задржана како и стабилноста на банкарскиот систем“, изјави Богов.
Тој одговараше на новинарски прашања поврзани со политичката ситуација во Македонија по изборите на Третата меѓународна истражувачка конференција на тема „На патот кон заздравување и одржлив раст во променето глобално окружување“.
Слично
