Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богов: Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација

Богов: Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација

Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, изјави гувернерот на Народна банка, Димитар Богов.

Тој говореше по повод излегувањето на Велика Британија од Европска унија и можните последици врз македонската економија.

„Она што најпрво треба да направиме е да ја стабилизираме домашната политичка ситуација и да ги намалиме ризиците на домашен план. Кога сме во бура, се гледа кој има цврста куќа, а кој не“ – кажа Богов.

Богов објаснува дека Македонија не може да влијае на глобалните движења, но она низ што ќе поминува економијата на Европската унија ќе се одрази и врз нашата, од причина што Македонија е извозно-ориентирана земја.

Тој истакна дека Брегзит нема да се одрази на девизниот курс и сигурноста на банкарскиот сектор, но кредитирањето ќе биде намалено.

Велика Британија е еден од нашите главни трговски партнери и држава од која доагаат голем број инвестиции.

Случувањата во Велика Британија направија хаос на светските берзи. Вредноста на фунтата во однос на доларот падна на најниско ниво  во последните 3 децении.

Слично

Поврзани вести