Богов како лошиот гласник: Кој ја „урна“ економијата?
Прогнозите за Богов за македонската економија донесоа песимистичко и оптимистичко сценарио. Тој смета дека ако кризата потрае растот ќе падне на само 1, 6 отсто што би било големо надолно отстапување. Тоа би значело околу 170 милиобни евра помалку во економијата од првично планираното.
Се очекува раст на БДП од 1,6% за 2016 година, или за 2 процентни поени понизок од основното сценарио. Народна банка смета дека најголемо надолно отстапување би имало кај личната потрошувачка и кај инвестиците, со опасност од дефлација.
„Ваквата ситуација ќе влијае на инвеститорите, очекуваме пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Исто така се очекуваат понеповолни движења на пазарот на труд, и секако ризици за финансирање на економијата. Сето ова доведува до последици како намалена кредитна активност, намалена извозна активност, помал економски раст, помалку креирање работни места“ – истакна Богов.
Во првата варијанта пак, ако кризата веднаш заврши можно е да се оствари раст од 3,5 проценти. Сепак, како ќе дојде до крај на кризата во услови на прогласена аболиција и затворен политички дијалог е нејасно. Изборите се веќе неодржливи. Оттаму се чини дека е задоцената реакцијата на Богов да повикува на брз крај на кризата во услови кога е тоа практично неизводливо.Политичките актери на сцената, пред се оние што се најодгoворни ќе мора да повлечат низа на постапки и отстапки како би можело кризата да се приведува при крај, а ако се знае дека одговорноста за продлабочувањето на проблемот во најголем дел лежи во аболицијата, тогаш ситуацијата не изгледа решлива.
Слично
