БОГОВ ИМА ТРИ СТАНА, ДВА ВО СКОПЈЕ ЕДЕН ВО ВАРШАВА: А што вози гувернерот кој не се знае дали ќе биде реизбран?
Што има во анкетниот лист на досегашниот прв човек на НБМ кој не се знае дали ќе остане на чело на Централната банка ?
Три стана стекнати преку договор за купопродажба, од кои два се во Скопје, а еден во Варшава поседува Димитар Богов.
Според пријавениот имот Богов во Скопје од заеднички имот поседува стан од 170 м2 кој се проценува на 10,2 милиони денари, стан - имот на брачен другар од 43 м2 во Варшава, Полска и уште еден пријавен на негово лично име од 88 м2 во Скопје кој е проценет на 6 милиони денари.
Богов пријавил три моторни возила. Мопед Пјаџо 2012/2013 и Даеву Тико 1995/1995 се пријавени на негов личен имот додека Киа Сид 2008/2008 му е пријавено како заеднички имот.
Од имотниот лист на Богов се гледа дека лично тој има акции во вредност од 17.000,00 денари и кредит од 5,5 милиони денари.
На денарската штедна книшка Богов пријавил 1.400.000,00 денари.

