Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОГОВ: годинава растот ќе биде околу нула!

БОГОВ: годинава растот ќе биде околу нула!
Народна банка ја намали проекцијата за раст на македонската економија. Наместо очекуваните 1,5% процент, сега новите прогнози се дека годинава ќе ја завршиме со минимална стапка на економски раст која ќе се движи околу нулата, потврди Гувернерот Богов, за Алфа. „Ги имаме податоците за новите импути за екстерна побарувачка, тие се понеповолни, стапките за економски раст на земјите кои се најгоелми трговски партнери на Македонија се пониски од јулските проекции. Со оглед на тоа, првичните анализи покажуваат дека проекцијата за економски раст, односто стапката за раст на брутодомашниот производ на земјава ќе се движи помеѓу нула и еден процент“, изјави Гувернерот Богов.
Слично

Поврзани вести