Богов: Ако на странските компании им наметнеме да даваат плата од 400 евра, нема да дојдат
Цената на работната сила е еден од клучните фактори за странските инвеститори да дојдат да инвестираат во Македонија смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов.
„Да ги земеме пример странските инвестиции кои сега се актуелни, а кои последниве години се отвораат во слободните економски зони. Некои од нив имаат прилично голем број на вработени, некои имаат и до 4000 лица, и ако земеме дека Македонија има висока стапка на невработеност, која во еден период достигна до 37%, а од 2005 година таа оди надолу и во моментот е 29% и се очекува да продлжи тој тренд на намалување, јасно е дека тие странски дирекни инвестции доаѓаат меѓу другото и поради евтината работна сила, одноно ниските плати. Ние не можеме да избегаме преку ноќ од тоа и тие веднаш да добиваат високи плати. Со самото тоа што се вработуваат неколку илајди луѓе тие добиваат плати, колку и да е таа ниска тие се во подобра ситуација од претходно, значи нивната потрошувачка се зголемува“, вели Богов.Според него платите се економска категорија и сооднос на понудата и побарувачката - во услови кога има голема понуда на работна сила, а мала побарувачка, платите нормално се пониски.
„Ако ние им наметнеме на странските компании дека мора да дадат просечна плата од 400 евра , нема да дојдат толку од нив, нема да се вработат луѓе, кој ќе биде ефектот? Да, ниски се можеби тие плати, но тој е патот по кој мора да одиме. Мора прво да ја зголемиме побарувачката на работна сила, да се намали понудатата со намалување на стапката на невработеност и тогаш ќе дојде доз големување на платите, како цена на работната сила“, додава Богов.Тој објаснува дека со зголемувањето на вработеноста, луѓето ќе имаат повеќе приходи, ќе трошат производи и услуги кои некој друг ги произведува, што ќе резултира со уште повеќе нови работни места, намалување на невработеноста и зголемени плати. Овој пат, според гувернерот, го поминале сите земји од Централна и Источна Европа - Полска, Унгарија, Чешка, Словачка имале првични инвестиции со ниско ниво на плати, но сега веќе таму платите се 2-3 пати повисоки.
Слично
