Богоевски приведен за отслужување на затворска казна
Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски ноќеска беше приведен од полицијата на отслужување на затворска казна за случајот „Агент“.
Богоевски, поминаа осум месеци во притвор, а оттаму излезе минатата година, по донесувањето на првостепената пресуда. Богоевски и останатите осудени ја чекаат одлуката на Врховен суд, каде што со вонреден правен лек ја обжалија второстепената одлука.
Шест мина обвинети од „Агент“ переле пари преку фиктивни фирми ќерки на кипарската Централ Балкан Инвесмент и преку словенечката „Меркатор“.
Тие го негирале обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на плацот со површина од 19.000 квадратни метри во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.
Обвинетите покрај затворските казни треба да платат отштета од 950.000 евра, според судот, стекнати од злоупотреба на случбената положба и перење пари.
Тој е осуден на две години затвор за финансиски малверзации, а во притвор предходно помина 8 месеци.
