Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богоев: Иднината останува на младите, ама тие се гледаат себе во друга држава!

Богоев: Иднината останува на младите, ама тие се гледаат себе во друга држава!

„Последниве 10 години беа најтешки за младите“, изјави претседател на СДММ и пратеник  Стефан Богоев кој беше дел од учесниците кои говореа на јавната трибина насловена „Младите можат! „Унапредување на состојбата на младите во Македонија преку суштински дијалог“.

Тој истакна за сериозните проблеми со кои се соочуваат младите во земјава во потрагата по работа, алудирајќи на лошата состојба во студентските домови и рекордните бројки кои според Светска Банка покажуваат дека Македонија е рекордер во Европа и во светот по процентот на  младинска невработеност кој изнесува 52%.

Богоев изјави дека 70 проценти од младите сакаат да ја напуштат земјава а само во изминативе години повеќе од 600 илјади млади пред се високо образовани заминале од своите родни краишта.

„Ако велиме во континуитет дека иднината на државата на младите останува а истите тие млади се гледаат себе во друга држава, тогаш значи дека имаме навистина сериозен проблем“, посочи пратеникот.

Богоев во текот на својот говор се осврна и на проектот Визијата за Македонија, кадешто преку јавни дебати вели дека собрале мислења од граѓани, граѓански организации и заедно со нив ја направике Програмата за претстојните избори на опозициската СДСМ.

„Клучно нешто, на што ние како СДММ инсистиравме да се најде во Програмата и партијата со огромно задоволство го прифати е младинската гаранција“, рече Стефан.

„Младинската гаранција е добро познат проект, применета пракса во Западна Европа. На младиот човек по завршување на образованието, државата треба да му понуди  3 опции. Првата опција е да го вработи, втората опција да му најде практично дообучување во траење од 4 месеци каде или преку пракса или преку изучување на странски јазик/ компјутерски вештини младиот човек ќе стане поконкурентен на пазарот на трудот и третото е дообразување. Младиот човек ако дипломирал, државата да му помогне за магистерски студии, ако завршил само средно да му помогне да се запише на факултет. Но, клучната поента е младите по завршување на образованието да не седат дома.

Оние кои се економисти, подобро го знаат тоа, дека што подолго си невработен и седиш дома, тоа е потешко да најдеш работа, вештините застаруваат.

Најверојатно, еден од клучните фактори заради кој младите ја напуштиле или сакаат да ја напуштат РМ е немањето на соодветно работно место, извор на егзистенција, за градење на кариера, сопствен дом и семејство. Затоа силен акцент ставаме на отворање на бизнис центри за вработување на млади.

Ова се однесува на оние кои сакаат да започнат нешто сопствено. Иако, можеби звучи како клише, затоа што владејачката партија често збореше за “охрабри се, осмели се, направи го првиот чекор”, оваа мерка е поразлична од постоечкото решение. Се разботи за наградување на најдобрите 300-400 бизнис идеи годишно, со по 10 илјади евра неповратен грант.

И до сега, имаше некои буџетски средства кои ги нудеше државата, далеку помали, меѓутоа од тие средства ако млад човек основа бизнис, од тие средства треба да си најде канцелариска просторија, канцелариски мебел, опрема, треба да си најми сметководствена и книговодствена фирма, да си најде правник, претприемач кој ќе му го развива бизнисот“, информираше Богоев.

На крајот од говорот Богоев на сите млади им порача дека за најдобар начин да се имаат успешни политики за млади е младите да бидат вклучени во нивното креирање, имплементирање и во контролата на нивното спроведување.

„Велиме иднината на младите останува. Но, ќе се согласиме дека дефинитивно на нас младите ни треба парче од сегашноста, за да можеме да влијаеме на иднината, која на нас ни припаѓа“, рече Стефан.
Слично

Поврзани вести