Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богатите навалија да купуваат имот во овој дел од Балканот

Богатите навалија да купуваат имот во овој дел од Балканот

Богатите масовно купуваат недвижности во една екс ју земја. 

Богатите луѓе од сите страни од светот се воодушевени од Истра и многу од нив сакаат таму да купат недвижности. Најмногу се бараат семејни куќи, додека становите за нив не се приоритет. 

Минатата година е остварен рекорд од 432 продадени куќи во Истра, пишува „Гласот на Истра“.

Според заедничкиот извештај за пазарот на недвижности во Истарската жупанија, градовите Пазин и Пула во 2018. година, во таа година во однос на претходните две прометот во недвижностите е во пораст. Се забележува дека трендот во продажбата на станови во 2018. година бележи пад, додека значително расте продажбата на семејни куќи и викендици во 2017. и 2018 година.

Цените на куќите се движат од неколку стотини илјади евра, па до преку милион евра за некои недвижнини.

Најмногу станови се продени во Пула – 337. Следи Пореч со 250, Умаг 158, Новиград 152, Медулин 96 и Лабин со 87 продадени станови. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести