Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богаташи бараат зголемување на данокот на државата

Богаташи бараат зголемување на данокот на државата

Да им го зголеми данокот кој го нарекуваат „1% - план за даночна праведност“, бараат повеќе од 40 милијардери побарале од сојузната држава Њујорк 

Тврдејќи дека се „длабоко загрижени бидејќи премногу њујорчани се на економската граница, а на државната инфраструктура очајно ѝ е потребна помош“, милионерите ги повикале гувернерот и Министерството да прифатат „1% - план за даночна праведност“. 

Планот бил составен од мрежа од стотина најбогати американски семејства со име „Responsible wealth project“, а поддржуваат „праведни даноци и одговорност на корпорациите“. Меѓу потписите се наоѓа и оној на Стивен Рокфелер.

Според сегашниот закон, луѓето кои заработуваат повеќе од 2 милиони долари годишно плаќаат данок од 8,82%.

Според планот, тој процент би се применувал на оние кои заработуваат 1-2 милиони долари годишно, а потоа би се зголемувал - оние кои заработуваат 2-10 милиони би плаќале данок од 9,35%, оние со приходи од 10-100 милиони - 9,85%, а оние кои ќе заработуваат повеќе би плаќале 9,99%.
Слично

Поврзани вести