Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски: Пуштени во продажба билетите за авиолинијата Скопје - Софија

Бочварски: Пуштени во продажба билетите за авиолинијата Скопје - Софија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски објави дека се пуштени во продажба билетите за директната авиолинија Скопје - Софија, проект кој во знак на добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија го најавија премиероте Кирил Петков и Димитар Ковачевски.

Според она што го пишува Бочварски, екстензивната линија породфолжува до Тирана, додека не е познато колку ќе чини билетот на авиокомпанијата „Фуливер“.

„Особено ми е драго да ја споделам најавата на авиокомпанијата Гуливер, која од денеска ги пушти во продажба билетите за авиолинијата Софија - Скопје - Тирана. Го реализираме договорот со мојот колега Николај Сабев што заеднички го постигнавме во Скопје“, онјави министерот.

Редовната авионска линија Софија-Скопје ќе почне да сообраќа, според претходните најави, од 27 март. Според веб-страницата на Гуливер, линијата започнува од 26 март.


Слично

Поврзани вести