Бочварски: Побарав интерконекторот Петрич - Струмица да биде приоритет
Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, денеска изјави дека на неодамнешната средба во рамки на меѓувладината конференција во Софија побарал од бугарскиот министер за енергетика приоритет да биде изградбата на интерконектор за приорден гас помеѓу Петрич и Струмница.
- Разговарав со министерот за енергетика и побарав тоа да биде еден од идните приоитети. Интерконекторот е дел од разговорите и еден од приоритетите да напарвиме можност за поевтин енергенс, бидејќи знаеме дека мрежата е доста разгранета во Струмица и има добра можност веднаш да биде приклучена и ставена во функција, рече Бочварски.
Минатиот месец Бугарската асоцијација за гас предложи да
се изгради гасната врска Петрич-Струмица,
која би била од големо значење за
енергетската безбедност не само на двете
соседни земји, туку и за Република Косово,
што е предуслов за проширување на
територијалниот опфат на Балканскиот
гасен центар и бугарскиот сектор за гас
