Бочварски: Линијата Скопје - Софија нема да биде субвенционирана
Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, во интервјуто дадено за БНТ за време на посетата на Бугарија, вели дека директната авиолинија Скопје - Софија што треба најверојатно да се отвори до 1 март нема да биде субвенционирана од владите на двете соседни земји.
Министерот посочува дека се работи за приватен авиопревозник или приватни авиопревозници коишто би можеле да сообраќаат на релација Скопје – Софија, но без субвенционирање или потпомагање од страна на владите.
– Сакаме авиопревозниците да најдат своја исплатливост во оваа линија и заради тоа сме отворени да дискутираме, да се вклучат и туристички агенции, да се вклучат и сите заинтересирани страни, бизнис комори, компании коишто имаат некаква можност за соработка помеѓу двете земји за да се најде исплатливост на оваа линија – Софија – Скопје, можеби и Тирана, Софија – Скопје можеби Атина, или која било трета релација која што ќе даде плус можност на граѓаните, на бизнис компаниите, можеби на туристичките дестинации коишто би летале преку Софија или преку Скопје до конечната дестинација на граѓаните, вели Бочварски на едно од прашањата.
