Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски и Сабев се договорија, авионската линија Скопје - Софија започнува од 27 март

Бочварски и Сабев се договорија, авионската линија Скопје - Софија започнува од 27 март

Редовната авионска линија Скопје - Софија започнува активно од 27 март, објавија министрите за транспорт и врски на Македонија и Бигароја - Благој Бочварски и Николај Сабев. 

- Новата авиолинија ќе започне да сообраќа од Скопје кон Софија на 27 март. Тоа што изгледаше долги години како невозможно, денеска докажавме дека е возможно. 

Заедно со туроператорите и воздухопловните власти донесовме значајни заклучоци. 

Третите дестинации ќе бидат познати по средбите на туроператорите и воздухопловните власти.

Вратите ги отвораме за патување, туризам, и размена, рече Бочварски по средбата во Скопје. 

Министерот за транспорт и врски на Бугарија, Николај Сабев, го пофали Бочварски дека со него се работи лесно и ефикасно. 

- Само по три недели направивме еден важен чекор, важен инструмент кој се вика директна авиолинија Скопје - Софија. Од сега понатаму преостанатиот збор ќе го имаат туроператорите. Преостанува средба на сопствениците на аеродромите и компанијата Гуливер. Двата аеродроми ќе поддржат долгорочно економско решение, дополни Сабев.


Слично

Поврзани вести