Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски: Браната ќе не штити од поплави и жештина, а ќе донесе и туристи

Бочварски: Браната ќе не штити од поплави и жештина, а ќе донесе и туристи

Благој Бочварски, градоначалникот на Штип,  очекува изградбата на браната на реката Отиња за чија изградба Владата одвои 7,5 милиони евра рече дека овој проект ќе го зголеми бројот на туристи во градот бидејќи акумулацијата ќе обезбеди и место за рекреација.

„Ова е долготраен проект, а и благодарам на Владата и на премиерот Зоран Заев што излегоа во пресрет и ја препознаа потребата од браната. Истата ќе обезбеди развојна компонента во градот и туристи во градот. Покрај тоа, Штип е еден од градовите кои немаат вештачко езеро, а со овој проект во иднина нема да има поплави од страна на реката Отиња во градското подрачје како што имаше порано. Покрај тоа, ќе има намалување на летните температури за време на летниот период и зголемување во зимскиот“, рече денеска Бочварски за Канал 5.

Пред да започне градбата потребно е да се финализира студијата за заштита на животната средина, до септември и потоа да добие градежно одобрение.

„ Во декември или на почетокот на следната година ќе започне изградбата на браната. Доколку немаме поголеми проблеми, овој објект би можел да биде готов за две години, најавува градоначалникот.

Слично

Поврзани вести