Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски: Автопатот Тетово - Гостивар ќе се вози во една насока

Бочварски: Автопатот Тетово - Гостивар ќе се вози во една насока

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, денеска во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање рече дека автопатот Тетово - Гостивар во иднина ќе има упте една наплатна станица за патарина, поради неговото проширување и реконструкција.

- На овој автопат во иднина паралелно ќе се гради уште една лента, но по друга траса што ќе биде Гостивар - Тетово, а на овој актуелниот ќе се вози по спротивниот правец. Патарина ќе се плаќа ако сакаме тој да биде безбеден и сигурен во лето, но и во зимски услови да биде сервисиран, така што тоа е законска одредба која е воведена во државата. Треба да ги почитуваме и овие законски одредби, ако сакаме повеќе инвестиции, рече Бочварски.

Претходните најави пред околу две години беа дека Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, 

Министерот додаде дека во моментов сите градежни компании работат максимално на патната инфраструктура, но и на гасоводите и водоводите, поради што, како што рече тој, во градежништвото имало многу малку отпуштања за време на ковид-кризата.


Слично

Поврзани вести