Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочек ги посетил камповите во Гевгелија и Табановце, бара европско решeние

Бочек ги посетил камповите во Гевгелија и Табановце, бара европско решeние

Ниту една земја не е способна сама да најде решение и да се справи со проблемот. Потребна е европска соработка и изнаоѓање на европско решение, вели Томаш Бочек, специјалниот претставник за бегалците и мигрантите, назначен од генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, на почетокот од годинава.              

Една од првите мисии на Бочек беше посетата на Македонија и Грција на критичните места каде се наоѓаат мигрантите. 
„Сега имам глобална слика за ситуацијата на лице место. Таа не е многу пријатна. Ние го следевме патот од грчките острови, ги видовме центрите за регистрација,  ги видовме камповите во Атина, во близината на Солун, бевме и во Идомени каде ситуацијата навистина е катастрофална и неприфатлива, и на крај ги видовме камповите во Гевгелија и Табановце и пред се местото кое е веднаш до границата со Србија, каде имаше кога јас бев 350 лица во многу неприфатливи услови за денешна Европа“ - изјави  за МИА Бочек.  
Најмногу го потресла состојбата на децата бегалци, а родителите постојано прашувале кога нивните деца ќе можат да одат на училиште. 
„Се сретнавме со министерот за внатрешни работи со кој имавме отворен разговор. Евидентно е дека ниту една земја не е способна сама да најде решение и да се справи со проблемот. Потребна е европска соработка и изнаоѓање на европско решение. Тоа е пораката и главната точка на нашиот дијалог“- додава Бочек.
Тој потенцира дека треба да се почитуваат обврските презмени од земјите членки на Советот на Европа, со нивното зачленување во организацијата и доследно почитување на Конвецнијата за човековите права. За состојбата со бегалците и мигрантите во Европа ќе расправа Парламенетарото Собрание на Советот на Европа,  чија  пролетна сесија започнува денеска во Стразбур. На дневниот ред се ставени човековите права на бегалците и мигрантите и пред се ситуацијата во земјите од Западен Балкан.
Слично

Поврзани вести