BMW СЕ ВРАЌА: Избран е новиот застапник за Македонија!
Нов застапник на возилата BMW и MINI за Македонија ќе биде групацијата M-KAR од Бугарија.
Во допис до Фактор и преку известување на својата официјална Фејсбук страна новиот застапник вечерва соопшти:
„Со максимално задоволство Ве информираме дека новиот застапник за возилата на BMW и MINI, групацијата M-KAR од соседна Република Бугарија, официјално започна со преструктуирање на тимот на BMW Македонија.
Најпрестижната гама на возила очекувајте ја за многу краток рок. Се гледаме во BMW на старата локација“.
Инаку, BMW пред нешто повеќе од 6 месеци го затвори претставништвото во Македонија. За Фактор тогаш од централата на германскиот автомобилски гигант BMW во Минхен, потврдија дека Маккар веќе не е дистрибутер за нивните автомобили,.
„Договорот за увоз со Маккар Балфинко истече и не беше обновен со заемна согласност. Ќе го објавиме новиот увозник за BMW и MINI во Македонија кога ќе дојде време“, изјави на 18 јуни за Фактор Ирмгард Арсеншчек, портпарол на Групацијата BMW за Африка, Карибите и Источна Европа.
Речиси половина година траеше изборот на новиот застапник за возилата на BMW и MINI. Изборот конечно падна на групацијата M-KAR од соседна Бугарија.
Р.Ф.
Слично
