Економија, финансии, бизнис

Контакт

БМВ гради нова фабрика во Источна Европа, кој ќе ја ќари инвестицијата?

БМВ гради нова фабрика во Источна Европа, кој ќе ја ќари инвестицијата?
Хрватска е еден од кандидатите за изградба на фабриката за производство на новиот BMW каде треба да бидат инвестирани една милијарда евра, пренесува „Јутарњи лист“. „Нема сомневање дека ќе ни треба уште една фабрика за производство и ние сакаме таа да се изгради негде во Источна Европа", изјави членот на Управниот одбор на БМВ, Јан Робертсон за словачкиот весник„ Hospodarsk“. Весникот пишува најголема шанса за новата фабрика има Словачка, иако  се споменати и Хрватска, Чешка, Унгарија и Словенија. БМВ, сепак, пред една година, негираше дека планираната фабрика ќе биде направена во Словачка. Висина на потенцијалната инвестиција во фабриката сеуште не е позната, но експертите проценуваат дека тоа би можело да биде околу една милијарда евра и дека во таква фабрика работа ќе има за неколку илјади работници. Словачка и Чешка имаат голема предност и искуство во оваа индустрија. Во Словачка вакви фабрики имаат германските Фолксваген, јужнокерејската Киа и францускиот PSA (Пежо - Цитроен) , додека во Чешка се наоѓаат фабриките на Шкода, Хјундаи  и групацијата ТPCA која соработува Режо, Цитроен и Тојота.  
Слично

Поврзани вести