Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блумберг: Македонија во топ 50 најиновативни земји на светот

Блумберг: Македонија во топ 50 најиновативни земји на светот

Македонија се најде на 48-то место  на листата 50 најиновативни земји во светот, која ја објави агенцијата Блумберг. Листата е составена врз основа на седум критериуми - интензитетот на спроведување на научно-истражувачките и развојни работи, нивото на продуктивноста на трудот, концентрацијата на високи технологии, процентот на истражувачи на милион луѓе, продуктивноста на индустријата, нивото на образование и патенти.

Според Блумберг, земјава најдобар резултат кај концентрацијата на високи технологии и продуктивноста на индустријата, каде во двете категории го зазема 28. место.

Првите три места на листата ги заземаат САД, Јужна Кореја и Германија. САД се наоѓаат на првото место поединечно во областа концентрација на високи технологии, додека Јужна Кореја е прва во категоријата патенти.

Интересно е дека во првите десет најиновативни земји во светот се наоѓаат шест европски - Франција, Шведска, Данска, Австрија, Финска и Германија, како и три азиски држави - Јапонија Сингапур и Јужна Кореја. Од регионов,  на листата 50 најиновативни држави се најде и Хрватска, која го зазема 34-то место.
Слично

Поврзани вести