Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛУМБЕРГ-ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА ГО БЛОКИРА ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТА: „Но, Путин може да го сикористи моментот и да добие нови сојузници

БЛУМБЕРГ-ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА ГО БЛОКИРА ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТА: „Но, Путин може да го сикористи моментот и да добие нови сојузници

Германија нема да се противи на ембаргото на Европската унија за увоз на руска нафта.

Таа нема да го направи тоа, иако не мисли дека тоа е најефективното средство да му наштети на претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесува „Блумберг“.

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек предупреди дека запирањето на увозот на руска нафта ќе и нанесе сериозен удар на најголемата европска економија, што вклучува недостаток на понуда и „огромно зголемување на цените“.

„Но, нема да доживееме национална катастрофа. Постигнавме голем напредок во однос на нафтата и би можеле да се приклучиме на ембаргото ако тоа се случи. Германија нема да застане на патот“, рече Хабек во интервју за телевизијата ZDF.

Тој претходно оваа недела рече дека Германија веќе ја намалила зависноста од руската нафта до доволен степен за да го направи целосното ембарго „изводливо“.

Уделот на руската нафта во германскиот увоз падна на околу 12 отсто од 35 отсто пред рускиот напад врз Украина, изјави неодамна Хабек за време на посетата на Варшава.

Сепак, во интервју за ZDF, тој јасно стави до знаење дека е скептичен за ембаргото за нафта, нагласувајќи дека таквиот потег може да биде „контрапродуктивен“ бидејќи потенцијално ќе и овозможи на Русија да испорачува нафта на други земји дури и по повисока цена, додавајќи дека Путин би можел да ja искористи нафтата за да добие поддршка од некои земји.

„Мораме да го запреме растот на глобалните цени на нафтата, но не на начин на кој можат да си дозволат само Германија, Западна Европа, САД и можеби Канада. Тогаш Путин би можел да каже - погледнете што се случува, капиталистичкиот Запад ве прави сиромашен. Јас ќе ви помогнам, можте да добите 20 проценти попуст од мене, само барам да ми бидеш сојузник“, рече Хабек.

ФОТО: EPA/Roberto Pfeil 

Слично

Поврзани вести